УБИЕЦ КОЈ СЕ СПАСИ ОД СМРТОНОСНА ИНЈЕКЦИЈА Е ПРВИОТ ОСУДЕНИК ВО САД КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОГУБЕН СО АЗОТЕН ГАС

    УБИЕЦ КОЈ СЕ СПАСИ ОД СМРТОНОСНА ИНЈЕКЦИЈА Е ПРВИОТ ОСУДЕНИК ВО САД КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОГУБЕН СО АЗОТЕН ГАСВластите на Алабама тврдат дека азотниот гас брзо ќе предизвика онесвестување (Фото: АП)

    Алабама се подготвува да ја изврши првата смртна казна во САД со азотен гас. Со овој нов метод наречен азотна хипоксија ќе биде погубен Кенет Јуџин Смит, кој се спаси при првиот обид за егзекуција со смртоносна инјекција во 2022.

    Ако смртната казна биде извршена, тоа ќе биде првиот нов метод на егзекуција од воведувањето на смртоносната инјекција во 1982 година.

    Властите на Алабама тврдат дека азотниот гас брзо ќе предизвика онесвестување, додека критичарите го споредија досега некористениот метод на егзекуција со експериментирање врз луѓето.

    Егзекуцијата со азотна хипоксија би предизвикала смрт со принудување на затвореникот да дише чист азот, лишувајќи го од кислородот потребен за одржување на телесните функции. Овој метод досега не е испробан, иако Алабама во 2018 година стана третата сојузна држава која го одобрила, по Оклахома и Мисисипи.

    Смит е еден од двајца мажи кои извршиле платено убиство на сопруга на проповедник во 1988 година. Според обвинението, тие добиле по 1.000 долари за да ја убијат Елизабет Сенет, што било нарачано од нејзиниот сопруг, кој бил во големи долгови и сакал да ги земе парите од нејзиното животно осигурување. Алабама првпат се обиде да го погуби во 2022.

    Смит бил врзан во комората за егзекуција и требало да прими смртоносна инјекција, но државата ја откажа постапката откако се појавиле проблеми со опремата за погубување. Според неговите адвокати, Смит бил врзан речиси четири часа додека чекал да види дали егзекуцијата ќе продолжи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира