УБИЕЦОТ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУН ПРОНАЈДЕН МРТОВ, СЕ ВЕРУВА ДЕКА УБИЛ И ПРОФЕСОР ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ МИТ

    УБИЕЦОТ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУН ПРОНАЈДЕН МРТОВ, СЕ ВЕРУВА ДЕКА УБИЛ И ПРОФЕСОР ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ МИТВо нападот на 13 декември беа убиени двајца студенти на возраст од 18 и 19 години (Фото: АП)

    Осомничениот за минатонеделното масовно пукање на Универзитетот Браун во САД, кога беа убиени двајца студенти, е пронајден мртов во складиште во Сејлем, Њу Хемпшир, по шестдневна потрага во повеќе сојузни држави. Полицијата го идентификуваше како Клаудио Невес Валенте, 48-годишен Португалец кој студирал на Браун пред околу 25 години.

    Шефот на полицијата во Провиденс, Оскар Перез, изјави дека видеодоказите и информациите од јавноста ги довеле истражителите до локација за изнајмување автомобили, каде што го пронашле името на осомничениот.

    Властите веруваат дека Валенте го убил и професорот на универзитетот МИТ, Нуњо Гомес Лоуреиро, на 15 декември, два дена по пукањето на Браун. Лоуреиро беше застрелан во својот дом во Бруклајн, 80 километри од Провиденс. Полицијата кажа дека жртвата и убиецот студирале на ист универзитет во Португалија во 1990-тите.

    Јавниот обвинител на Род Ајленд изјави дека Валенте починал од самонанесена прострелна рана, но не можеше да потврди колку долго бил во магацинот.

    Иако осомничениот беше пронајден мртов, нашата работа не е завршена. Постојат многу прашања на кои треба да се одговори“, рече Тед Докс, главниот агент на ФБИ во случајот.

    Истрагата за нападот на Браун со денови не даваше резултати. Во нападот беа убиени двајца студенти на возраст од 18 и 19 години, а деветмина беа ранети откако Валенте отворил оган за време на завршните испити.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира