Германската полиција соопшти дека хумболт пингвин бил украден од неговиот кафез од зоолошка градина во југозападниот град Манхајм. Чуварите во зоолошката забележале дека пингвинот е исчезнат во саботата за време на рутинска проверка на јужноамериканските птици, јави агенцијата „ДПА“.
По претрагата на зоолошката, персоналот не успеал да најде каква било трага од пингвинот, кој е висок околу половина метар и тежи пет килограми и утврдиле дела е украден.
Птицата има број 53 на крилото и има имплантиран чип за полесно идентификување. Зоолошката градина апелира за враќање на птицата, бидејќи пингвинот ќе умре без специјална диета и контролирана околина.