УКРАИНА БАРА ВИСТИНСКИ БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ПРЕД ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ НА СРЕДБАТА СО ВЕНС

    УКРАИНА БАРА ВИСТИНСКИ БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ПРЕД ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ НА СРЕДБАТА СО ВЕНССостанокот се одржа во подрумот на хотел со пет ѕвезди во Минхен (Фото: АП)

    Володимир Зеленски му кажа на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс дека Украина сака вистински безбедносни гаранции пред да почне разговори со Русија за крај на војната. Тие се сретнаа на првиот ден на Минхенската безбедносна конференција, а состанокот се одржа во подрумот на хотел со пет ѕвезди.

    Имавме добар, плоден разговор, ова беше само првата средба. Она што ни треба е да разговараме повеќе, да работиме повеќе и да подготвиме план како да го запреме Путин и да ја завршиме војната“, кажа Зеленски по состанокот.

    Тој додаде дека Украина многу сака мир, но ѝ требаат вистински безбедносни гаранции.

    Венс кажа дека САД сакаат да постигнат траен, одржлив мир во Украина.

    Сакаме војната и убивањата да запрат. Сакаме траен мир, а не мир што ќе ја внесе Источна Европа во нова војна за неколку години. Важно е сите заедно да почнеме разговори“, изјави Венс, кој претходно во својот говор на конференцијата ги обвини европските лидери дека ја цензурираат слободата на говорот и не успеваат да ја контролираат имиграцијата.

    Повикувајќи се на свои извори, Си-Ен-Ен објави дека Русија собира преговарачки тим од највисоко ниво, што ќе вклучи врвни политички, економски и разузнавачки поединци

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира