УКРАИНА ГИ ПРИФАТИ РУСКИТЕ КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ ГРУПИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПУТИН, ТИЕ ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СЕ НЕОНАЦИСТИ, ТУКУ ВИСТИНСКИ НАЦИОНАЛИСТИ

    УКРАИНА ГИ ПРИФАТИ РУСКИТЕ КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ ГРУПИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПУТИН, ТИЕ ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СЕ НЕОНАЦИСТИ, ТУКУ ВИСТИНСКИ НАЦИОНАЛИСТИГерманските власти велат дека Денис Капустин е еден од највлијателните неонацистички активисти во Европа (Фото: ЕПА)

    „Ние сме лоши момци кои се борат против вистински зли момци“, вели Денис Капустин, лидерот на најголемата од трите паравоени руски милиции кои се борат против Кремљ.

    Украина засега ги толерира овие лоши момци, кои извршија неколку упади од Украина во Русија минатата и оваа година и притоа водеа борби со регуларните руски сили. Германските власти велат дека Капустин е еден од највлијателните неонацистички активисти во Европа, што им оди во прилог на руските пропагандисти, кои ја правдат инвазијата како обид за денацификација на Украина.

    „Знам дека одам по тенка линија“, вели Капустин во интервјуто за „Политико“, отфрлувајќи ја неонацистичката ознака која му се припишува.

    Москва инсистира дека украинските сили се нацистички и притоа го занемарува фактот дека неонацистички групи се борат и за Русија, вклучувајќи ја озлогласената група „Русич“.

    Статусот на Рускиот волонтерски корпус на Капустин и на другите две паравоени групи е нејасен. Лидерот на Легијата Слобода за Русија, Алексеј Барановски, тврди дека неговата група е регуларна единица на вооружените сили на Украина.

    „Кога сме на територијата на Украина, ние сме војници на украинската војска. Кога одиме во Русија, веќе не сме украински војници, туку руски граѓани кои земале оружје во рацете“, кажа Барановски за „Политико“.

    Овие групи се проект на Кирило Буданов, шефот на украинското воено разузнавање. Тој неодамна ги фалеше руските паравојници како добри борци, велејќи дека ѝ помагаат на Украина од првиот ден и дека ги поддржуваат колку можат. Капустин вели дека милициите имаат слобода на дејствување откако ќе ја преминат границата, но упадите се тесно координирани со украинското воено разузнавање.

    „Ние сме официјален дел од украинската војска, но имаме сериозна политичка агенда – да се ослободиме од Путин“, кажа Капустин.

    Тој е роден во Москва, но на 17 години дошол во Германија, каде што се вклучил во хулиганската и крајнодесничарската сцена. Откако се преселил во Киев во 2019, Германија му го откажала жителството и добил забрана за влез во Шенген зоната. И покрај врските со американските неонацистички групи, Капустин вели дека не сака да го ословуваат како неонацист.

    „Дефинитивно сум конзервативен, традиционалист и десничарски настроен. Над сѐ, јас сум руски националист, а Путин е нешто најлошо што можеше да ѝ се случи на Русија“, појасни Капустин.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира