УКРАИНА ИНДИРЕКТНО ПРИЗНА ДЕКА ГО СОБОРИЛА РУСКИОТ АВИОН КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ УКРАИНСКИ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ

    УКРАИНА ИНДИРЕКТНО ПРИЗНА ДЕКА ГО СОБОРИЛА РУСКИОТ АВИОН КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ УКРАИНСКИ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИВидеоснимка објавена на Телеграм покажува како голем авион паѓа близу селото Јаблоново (Фото: АП)

    Украина индиректно призна дека го соборила рускиот транспортен авион „иљушин ил-76“, кој денеска се урна во јужниот руски регион Белгород. Руските власти кажаа дека во авионот имало 74 луѓе, вклучувајќи 65 украински воени заробеници кои оделе на размена. Никој не ја преживеал несреќата.

    Русија веднаш ја обвини Украина дека го соборила авионот и украинското воено разузнавање премолчено го призна тоа. Оттаму кажаа дека Русија ги ставила во ризик животите на воените заробеници и дека не го обезбедила воздушниот простор над Белгород.

    Видеоснимка објавена на Телеграм покажува како голем авион паѓа близу селото Јаблоново, по што експлодира. Ова село е оддалечено стотина километри од украинската граница.

    Пред планираната размена на затвореници, заробените руски војници беа донесени на време на договорената локација за размена и таму беа безбедни“, кажаа украинските власти.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека размената требала да се случи во среда попладне на граничен контролен пункт, 100 километри западно од Белгород.

    Авионот полетал од воздушната база Чакаловски близу Москва и летал кон Белгород, кога биле испукани два противвоздушни проектила од реонот на Липци“, кажа Москва.

    Рускиот пратеник Андреј Картаполов изјави дека по овој инцидент веќе не може да има преговори за размена на заробеници.

    Според украинскиот центар за третман на воени затвореници, Русија држи околу 8.000 заробеници, а десетици илјади луѓе се водат како исчезнати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира