УКРАИНА ПРЕДЛОЖИ НЕУТРАЛНОСТ НА МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВО ИСТАНБУЛ

    УКРАИНА ПРЕДЛОЖИ НЕУТРАЛНОСТ НА МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВО ИСТАНБУЛПреговорите во Истанбул беа првата директна средба помеѓу Русија и Украина од 10 март (Фото: АП)

    Украина предложи неутралност и меѓународни безбедносни гаранции што би ја штителе од идни напади на последната рунда мировни преговори, што денеска се одржа во Истанбул.

    Украинските преговарачи кажаа дека предложиле статус според кој земјата нема да влегува во воени сојузи, ниту ќе биде база за странски трупи, но би добила безбедносни гаранции налик на Членот 5 од НАТО, кој претставува клаузула за колективна одбрана. Украина вели дека Израел, Канада и Турција би можеле да ги обезбедат овие гаранции.

    Меѓу предлозите е и 15-годишен консултациски период за статусот на анектираниот полуостров Крим, но тие би стапиле во сила само во случај на целосен прекин на огнот.

    Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека ќе ги испита украинските предлози и ќе го извести Владимир Путин.

    Преговорите во Истанбул беа првата директна средба помеѓу Русија и Украина од 10 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира