УКРАИНА ПРИФАТИ ПОМОШ ОД ЕУ ЗА ПОПРАВКА НА НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“ ЗА ДА ГИ СМИРИ ТЕНЗИИТЕ СО УНГАРИЈА

    УКРАИНА ПРИФАТИ ПОМОШ ОД ЕУ ЗА ПОПРАВКА НА НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“ ЗА ДА ГИ СМИРИ ТЕНЗИИТЕ СО УНГАРИЈАНафтоводот не е во функција од јануари, кога, според Украина, бил оштетен од руски дронови (Фото: АФП)

    Украина прифати финансиска и техничка поддршка од Европската Унија за да се поправи гасоводот „Дружба“, низ кој Унгарија и Словачка добиваат нафта од Русија. Договорот следува два дена пред средбата на лидерите на ЕУ во Брисел и би можел да ги намали тензиите со Унгарија, која се закани дека ќе ја блокира помошта од 90 милијарди евра за Украина.

    ЕУ ѝ понуди на Украина техничка поддршка и финансирање. Украинците ја поздравија и прифатија оваа понуда. Европските експерти се достапни веднаш“, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет, Антонио Коста.

    Володимир Зеленски потврди дека Киев го поддржал планот за завршување на поправките и за пронаоѓање долгорочни решенија.

    Нафтоводот не е во функција од јануари, кога, според Украина, бил оштетен од руски дронови. што го прекина протокот на нафта. Унгарија ја обвини Украина дека одолговлекува со поправката на нафтоводот и постојано бараше од Комисијата да испрати техничари за да го проценат нивото на штета. Украина инсистираше дека поправките се во тек и дека локацијата е премногу опасна за инспекција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира