Украина вели дека погодила неколку мети во внатрешноста на Русија во она што го опиша како најголем напад од почетокот на војната. Генералштабот на украинската војска објави дека се погодени складишта за муниција и хемиски фабрики во неколку региони, некои оддалечени стотици километри од границата.
Извори од украинската безбедносна служба СБУ кажаа дека ноќешниот напад бил болен удар за руските способности за водење војна.
Наспроти ова, Русија кажа дека соборила западни проектили со долг дострел „АТАЦМС“ и „сторм шедоу“ над Брјанск и Црното Море и вети дека ќе се одмазди.
Најмалку девет аеродроми во централна и западна Русија привремено го запреа сообраќајот, додека напади во пограничниот регион Брјанск довеле до експлозии во рафинерија, складишта со муниција и хемиска фабрика во која наводно се произведуваат муниција и експлозиви.
Киев кажа дека биле погодени и мети оддалечени 1.100 километри од границата, додека властите во западниот регион Саратов пријавиле голем напад со дронови, при што се оштетени две индустриски постројки во градовите Енгелс и Саратов.
Минатата недела, украинската војска погодила складиште со нафта во Енгелс, предизвикувајќи пожар што се гаснел со денови.