Володимир Зеленски изјави дека украинските сили воспоставиле борбена контрола во харкивскиот регион, каде што руските трупи упаднаа овој месец.
„Нашите војници успеаја да преземат борбена контрола во пограничната област каде што влегоа руските окупатори“, кажа Зеленски по состанокот со воени и регионални функционери во Харкив.
Ова следува откако рускиот пратеник Виктор Водолацки изјави дека руските сили контролираат повеќе од половина од градот Вовчанск, оддалечен пет километри од границата.
„Откако ќе го осигураат Вовчанск, руските сили ќе тргнат на три града во регионот Доњецк, Словјанск, Краматорск и Покровск“, изјави Водолацки.
Руските сили отворија нов фронт овој месец откако извршија прекуграничен напад во североисточниот регион Харкив, освојувајќи 12 населени места. Владимир Путин кажа дека целта на Русија не е да го освои градот Харкив, туку да создаде тампон зона во овој регион.
Зеленски изјави дека украинските сили успеале да ја стабилизираат ситуацијата во овој регион.
„Руското напредување е запрено. Ситуацијата во Вовчанск е тензична, но под контрола на нашите вооружени сили“, соопшти генералштабот на украинската војска.
Оттаму признаваат дека руските сили постигнале делумни успеси во области близу Купјанск и Покровск, каде што се водат тешки борби.