УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ОШТЕТИЛЕ РУСКИ ПАТРОЛЕН БРОД ОД 65 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ОШТЕТИЛЕ РУСКИ ПАТРОЛЕН БРОД ОД 65 МИЛИОНИ ДОЛАРИМета бил бродот „Сергеј Котов“

    Украинските морски дронови нападнаа и оштетија патролен брод на руската Црноморска флота покрај окупираниот полуостров Крим, објави украинското воено разузнавање. Оттаму кажаа дека нападот бил изведен од специјалната единица „Група 13“, а мета бил бродот „Сергеј Котов“, проценет на 65 милиони долари.

    Како резултат на нападот со морските дронови ‘магура В5‘, рускиот брод ‘Сергеј Котов‘ претрпел оштетувања на крмата и на двете страни“, објавија Украинците.

    Осврнувајќи се на нападот, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, порача дека руската Црноморска флота е симбол на окупацијата и не ѝ е место на Крим. Засега нема информации дали бродот потонал.

    Според руски функционер на Крим, поради нападот на неколку часа бил запрен сообраќајот преку Кримскиот мост.

    Минатиот месец, украинската војска објави дека уништила руски десантен брод покрај Крим во акција во која исто така биле користени морски дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира