УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ТВРДАТ ДЕКА ГО УБИЛЕ ВТОРИОТ РУСКИ ГЕНЕРАЛ КАЈ ХАРКИВ

    УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ТВРДАТ ДЕКА ГО УБИЛЕ ВТОРИОТ РУСКИ ГЕНЕРАЛ КАЈ ХАРКИВВитали Герасимов бил првиот заменик-командир на руската 41. армија (Фото: Викимедија)

    Украинските воени разузнавачи кажаа дека украинските сили го убиле вториот руски генерал од почетокот на инвазијата. Генерал-мајорот Витали Герасимов (44) бил првиот заменик-командир на руската 41. армија, а наводно загинал во околината на Харкив, заедно со уште неколкумина офицери.

    Агенцијата за истражувачко новинарство „Белингкет“ кажа дека руски извор ја потврдил смртта на Герасимов, кој учествувал во втората војна во Чеченија, руската воена операција во Сирија и во анексијата на Крим во 2014, за што добил бројни одликувања.

    Ако се потврди смртта на Герасимов, тој ќе биде вториот генерал од руската 41. армија кој загинал од почетокот на инвазијата пред 13 дена. Во почетокот на овој месец, руските медиуми потврдија дека генерал-мајорот Андреј Суховецки загинал од снајперски куршум.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека војната се претвора во кошмар за Русија и го обвини Путин дека планира брутално да ја уништи Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира