УРУГВАЈ ЗАПЛЕНИ РЕКОРДНИ ШЕСТ ТОНИ КОКАИН ВРЕДЕН НАД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

    УРУГВАЈ ЗАПЛЕНИ РЕКОРДНИ ШЕСТ ТОНИ КОКАИН ВРЕДЕН НАД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ4,4 тони кокаин биле пронајдени во четири контејнери со сојино брашно (Фото: Ројтерс)

    Уругвај заплени рекордно количество од шест тони кокаин, што е најтежок удар што земјата им задала на криумчарите досега.

    Во пристаништето во Монтевидео биле откриени 4,4 тони кокаин, кој бил сокриен во четири контејнери со сојино брашно, а уште 1,5 тони биле пронајдени на еден ранч. Контејнерите требало да патуваат за Ломе, главниот град на африканската држава Того.

    Уругвај често се користи како транзитна земја за транспорт на дрога од Јужна Америка во Африка и Европа. Минатиот месец во истото пристаниште биле запленети три тони кокаин, наменет за Бенин.

    Властите се посомневале во содржината на контејнерите откако било утврдено дека таа фирма нема историја на извоз на сојино брашно. Запленетиот кокаин на европскиот пазар би достигнал вредност од повеќе од една милијарда долари. Засега е непознато од каде потекнува кокаинот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира