ВАГНЕР МОЖЕ НАСКОРО ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ, ТВРДИ ОСНОВАЧОТ ПРИГОЖИН

    ВАГНЕР МОЖЕ НАСКОРО ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ, ТВРДИ ОСНОВАЧОТ ПРИГОЖИНПригожин предупреди дека неговата приватна армија трпи тешки загуби на фронтот во источна Украина. (Фото: Телеграм/принтскрин)

    Руската приватна армија, која го предводи рускиот напад на клучниот украински град Бахмут и е активна во Африка, наскоро може да престане да постои, кажа основачот Евгени Пригожин во интервју за руски воен блогер на Телеграм.

    Пригожин предупреди дека неговата приватна армија трпи тешки загуби на фронтот во источна Украина, но не е познато колку е сериозен, бидејќи претходно неделава ги повлече коментарите за состојбата на фронтот и рече дека се шегува.

    Пригожин често ги критикува руските власти за начинот на кој ја водат војната во Украина. Тој често вели дека регуларната армија не му дава муниција и ги обвинува генералите за предавство.

    „Сега, во врска со потребата за муниција на фронтот, доаѓаме до точка каде што Вагнер е при крај. Вагнер, за кус период, ќе престане да постои. Ќе станеме историја“, вели Пригожин.

    Тој додаде дека неговите трупи трпат тешки загуби поради недостиг на поддршка од Москва.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира