„ВАГНЕР“ ОДБИЛ ДА СЕ СТАВИ ПОД КОНТРОЛА НА КРЕМЉ И ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ БОРИ ВО УКРАИНА

    „ВАГНЕР“ ОДБИЛ ДА СЕ СТАВИ ПОД КОНТРОЛА НА КРЕМЉ И ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ БОРИ ВО УКРАИНА„Вагнеровци“ во саботата го окупираа Ростов на Дон (Фото: АП)

    Борците на „Вагнер“ веќе нема да се борат во Украина откако нивниот шеф Евгени Пригожин одби да се стави под контрола на Кремљ, изјави претседателот на комитетот за одбрана на рускиот парламент, Андреј Картаполов.

    „Неколку дена пред вооружената побуна, министерството за одбрана им нареди на сите групи кои учествуваат во борбени мисии да потпишат договор со министерството. Сите прифатија освен Пригожин, кој кажа дека ‘Вагнер‘ веќе нема да учествува во специјалната воена операција. Поради тоа, финансиите и материјалните ресурси ќе бидат пренаменети“, изјави Картаполов.

    По прекинот на побуната во саботата, Владимир Путин им понуди три опции на борците на групата: да заминат во Белорусија, да потпишат договор со министерството за одбрана или да се вратат кој своите семејства. На Пригожин му беше дозволено да замине во Белорусија, чиј претседател Лукашенко кажа дека и неговите борци се добредојдени во земјата.

    „Вагнер“ е приватна компанија на воени платеници кои се бореа заедно со регуларната руска војска во Украина и имаа клучна улога во освојувањето на источните градови Соледар и Бахмут. Пригожин притоа постојано ги напаѓаше и критикуваше министерот Шојгу и шефот на руската војска Герасимов поради начинот на водење на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира