Европскиот суд на правдата заклучи дека Велика Британија може да го откаже брегзит без да добие дозвола од останатите 27 членки на Европска Унија. Според судиите, ова може да се изведе без изменување на условите на британското членство.
Група британски политичари кои се противат на брегзит водеа кампања дека Велика Британија може еднострано да го прекине процесот на излегување од Унијата, на што им се спротивставија владата и ЕУ.
Оваа одлука на Судот уследи само ден пред пратениците во британскиот парламент да гласаат за договорот на Тереза Меј, кога се очекува да биде отфрлен од голем број од нив.
„Одлуката на судот би можела да премисли уште неколкумина пратеници, но многу работи би требале да се променат во британската политика за да остане Велика Британија во Европска Унија, почнувајќи од ставот на Тереза Меј и нејзината влада“, вели дописникот на Би-Би-Си од Брисел, Адам Флеминг.
Според Судот, една држава има период од две години да се премисли околу излегувањето од ЕУ, односно сѐ додека договорот не стапи на сила.