ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ ОТКАЖА ОД СВОЈАТА ПОСЛЕДНА КОЛОНИЈА ВО АФРИКА

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ ОТКАЖА ОД СВОЈАТА ПОСЛЕДНА КОЛОНИЈА ВО АФРИКАБританија го доби архипелагот Чагос во 1968 како дел од процесот на деколонизација (Фото: Алами)

    Велика Британија ќе му го врати архипелагот Чагос на Маврициус, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор околу иднината на последната британска колонија во Африка.

    Исклучок од договорот е островот Диего Гарсија, што Велика Британија и САД го користат како воена база. Двете влади се договорија островот да остане во надлежност на Велика Британија и САД и во следните 99 години.

    Чагос се состои од 60 зафрлени острови стратешки групирани во Индискиот Океан. Своевремено дел од британската колонија Маврициус, Лондон успеа да го добие архипелагот од новоформираната Република Маврициус во 1968 како дел од процесот на деколонизација. Сепак, Меѓународниот суд на правдата во 2019 кажа дека ова било незаконски, но Велика Британија сметаше дека оваа одлука не е обврзувачка.

    Воената база на тропскиот атол Диего Гарсија беше спорна точка во договорот. Речиси 1.500 жители биле принудно иселени во 1970-тите за да се направи место за изградба на базата, која денес им служи на САД како платформа за безбедносни операции на Блиски Исток, во јужна Азија и во источна Африка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира