Две недели откако Врховниот суд на Висконсин ја укина наредбата „побезбедно е дома“ на гувернерот Тони Иверс, оваа американска сојузна држава забележа рекордна бројка новозаразени и мртви од КОВИД-19 во еден ден.
Во изминатите 24 часа биле потврдени 642 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка заразени досега порасна на 16.565, додека бројот на активни случаи се зголеми за повеќе од 10 отсто.
Во исто време, уште 22 луѓе починале од КОВИД-19, што исто така е рекордна дневна бројка.
Властите засега не го поврзуваат зголемувањето на бројките со укинувањето на наредбата и само им порачаа на луѓето да ја одржуваат физичката дистанца.