ВЛАДАТА НА ТРАМП ЌЕ ОДИ НА ВРХОВЕН СУД ЗА ДА ЈА ОБЖАЛИ ЗАБРАНАТА НА НОВИТЕ ЦАРИНИ

    ВЛАДАТА НА ТРАМП ЌЕ ОДИ НА ВРХОВЕН СУД ЗА ДА ЈА ОБЖАЛИ ЗАБРАНАТА НА НОВИТЕ ЦАРИНИСудот за меѓународна трговија заклучи дека Трамп ги пречекорил своите претседателски овластувања (Фото: АП)

    Владата на Доналд Трамп кажа дека ќе оди на Врховен суд утре за да ја обжали одлуката за блокада на новите царини, што ја донесе Судот за меѓународна трговија во Менхетн, кој заклучи дека Трамп ги пречекорил своите претседателски овластувања. Ова ќе биде последниот чекор ако не помине жалбата во Апелациониот суд, од кој Белата куќа побара веднаш да ја укине забраната на царините донесени на таканаречениот ден на ослободувањето.

    Таа смета дека наредбата на трговскиот суд би ги блокирала политиките централни за владините економски и надворешнополитички агенди и се заканува да ги прекине повеќемесечните дипломатски преговори.

    Пресудата на Судот за меѓународна трговија е многу погрешна. Уверени сме дека оваа одлука ќе биде поништена по нашата жалба. Неизбраните судии не треба да ја спречуваат законската употреба на овластувањата на извршната власт во однос на националната безбедност и надворешната политика. Судовите тука не би требало да имаат улога“, кажа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

    Судот за меѓународна трговија кажа дека американскиот устав му дава ексклузивно овластување на Конгресот да ја регулира трговијата со другите земји, што не се поништува од итните овластувања на претседателот за заштита на американската економија. Судиите, исто така, ѝ наредија на администрацијата на Трамп да издаде нови наредби во рок од 10 дена.

    Судот со непосреден ефект ги поништи сите наредби на Трамп за царините кои беа вклучени во Меѓународниот акт за економски овластувања за вонредни состојби, закон наменет за справување со „невообичаени и вонредни“ закани за време на национална вонредна состојба и ги блокираше царините кои специфично се однесуваа на Кина, Мексико и Канада и беа наметнати како одговор на напливот на мигранти и дрога во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира