Во Белгија ќе може да се гласа за партија именувана според Доналд Трамп. Крајнодесничарската партија Трамп (TRUMP) е основана од поранешниот претседател на Белгискиот национален фронт, Салваторе Никотра.
„Доналд Трамп е ултимативниот симбол на популизмот. Тој го отелотворува сето она за што се залагаме“, вели Никотра.
Трамп, што е кратенка за Tous Réunis pour l’Union des Mouvements Populiste (Сите обединети за унијата на популистички движења), е наследничка на две валонски десничарски партии. Сепак, за разлика од најголемата десничарска партија во Белгија, Трамп не се залага за сепаратизам.
Никотра најави дека планираат да излезат на следните избори во Белгија, како и на оние за Европски парламент во 2029.
„Ние сме десничарска популистичка партија со социјална наклонетост“, вели Никотра.



