Рускиот генерал Павел Клименко, кој водел единица обвинета дека мачела сопствени војници и убила американски државјанин, загинал во Украина, објавија повеќе руски воени блогери, а потврдило и неговото семејство. Четириесет и седумгодишниот генерал-мајор бил убиен во напад со дрон додека возел мотоцикл во Доњецк.
Тој бил заповедник на копнените сили на Петтата одделна механизирана бригада на руската војска, која дејствува во окупираниот дел на Доњецк. Телеграм каналот „Астра“ објави во август дека оваа бригада водела камп за мачење на руски војници кои одбивале да се борат.
Припадници на оваа бригада наводно го мачела и убила Американецот Расел Бентли (64), попознат како Каубојот од Донбас, кој со години се борел заедно со проруските сили во источна Украина. Тие погрешно мислеле дека Бентли е американски шпион, а по убиството, неговото тело било разнесено на парчиња за да се прикријат траги. Во врска со овој случај биле уапсени четворица руски војници.
Клименко, кој во мај бил промовиран во највисок чин, е најмалку осми руски генерал кој загинал од почетокот на војната во Украина.