ВО ГЕРМАНИЈА УАПСЕН ИРАНЕЦ КОЈ ПЛАНИРАЛ НАПАД СО БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ

    ВО ГЕРМАНИЈА УАПСЕН ИРАНЕЦ КОЈ ПЛАНИРАЛ НАПАД СО БИОЛОШКО ОРУЖЈЕОтровните супстанци се пронајдени при рацијата во западното гратче Кастроп-Рауксел (Фото: АП)

    Триесет и двегодишен Иранец е уапсен во Германија зашто наводно планирал „исламистички мотивиран“ напад. Полицијата на Рајна-Вестфалија соопшти дека тој планирал да употреби цијанид и рицин за да изврши сериозен чин на насилство.

    Отровните супстанци се пронајдени при рацијата во неговиот стан во западното гратче Кастроп-Рауксел во регионот Рур. Агенцијата ДПА објави дека е уапсено уште едно лице.

    Рицин се смета за исклучително отровно биолошко оружје и за него нема познат противотров. Истрагата е во тек и засега е нејасно како нападот требало да се одвива.

    Полицијата интервенираше во текот на ноќта по сериозна дојава“, изјави регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Ројл.

    Полицијата кажа дека обвинението за кое се товари уапсениот Иранец предвидува затворска казна меѓу шест месеци и десет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира