На КОП26 самитот во Глазгов беше постигнат договор да се спречат опасните климатски промени, одобрен од 197 земји. Климатскиот пакт од Глазгов е првиот климатски договор со конкретен план да се намали употребата на јаглен, најлошото фосилно гориво за стакленичките гасови.
Со договорот, исто така, се притиска за поитни намалувања на испуштањето гасови и се ветуваат повеќе пати за земјите во развој за да им се помогне во адаптацијата на климатските промени. Но, она што е договорено не е доволно да се ограничи растот на температурата до 1,5 степени целзиусови.
Обврската да се исфрли јагленот која што беше вклучена во преговорите на крајот беше изоставена на барање на Индија, поддржана од Кина. Климатскиот министер на Индија Бупендер Јадав праша како можат земјите во развоја да ветата дека ќе го исфрлат јагленот од употреба кога сè уште се бават со нивните агенди за развој и се борат да ја искоренат сиромаштијата.
На крајот, земјите се согласија да ја намалат употребата на јаглен, место да го исфрлат од употреба, и покрај разочарувањето на дел од земјите. Претседателот на КОП26 Амок Шарма кажа дека му е жал како сè заврши, но им кажа на присутните делегати дека е најважно да се заштити договорот во целина.
Британскиот премиер Борис Џонсон кажа дека светот ќе гледа на КОП26 во Глазгов како почеток на крајот на климатските промени.
Како дел од договорот, земјите ќе се сретнат следната година за да се обврзат на дополнителни намалувањa на емисиите на јаглерод диоксид во обид да се стигне до целта од 1,5 степени. Според актуелните обврски, ако бидат исполнети, глобалното затоплување ќе биде 2,4 степени.
Ако глобалните температури пораснат за повеќе од 1,5 степени, научниците велат дека Земјата ќе искуси сериозни ефекти, а милиони луѓе ќе бидат изложени на екстремни жештини.