44 случаи на лажни сертификати за вакцинација против ковид-19 издадени од вакцинален пункт во централна Грција досега се предадени на обвинител, соопштија грчките здравствени власти.
Грчките власти велат дека случаите се поврзани со граѓани кои живеат во регионот Кардица, каде што досега се администрирани 31.296 вакцини, сите „Фајзер“. Засега не е познато колку лажни сертификати се издадени.
Според првичните информации, лажните сертификати биле издадени од вработени во администрaцијата на вакциналните пунктови кои имале пристап до електронската платформа и ги регистрирале луѓето како вакцинирани. За скандалот се дозна откако се утврдиле неправилности во отпечатените сертификати.
Властите засега не знаат што се случило со вакцините кои наводно биле употребени.