Во северниот дел на Косовска Митровица попладнево силно прозвучиле сирени, но причината, како според косовките, така и според властите на Србија барем како што тврдат официјално, не ја знаат.
Затворени се административните премини Брњак и Јариње, а граѓаните поставуваат барикади.
Како што јавува телевизијата Нова.рс, првин се проширила гласина дека во северниот дел на државата тргнале специјални полициски сили, но косовските власти тоа го демантирале.
Шпекулациите пак дека влегуваат српски армиски сили, Србија исто така ги демантира.
Денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија никогаш не била во потешка и покомплицирана ситуација. Кажа дека од полноќ, косовските власти на административните премини ќе ги запираат сите граѓани кои имаат српски лични карти.