ВО КУФЕРИ КУПЕНИ НА АУКЦИЈА ВО НОВ ЗЕЛАНД ПРОНАЈДЕНИ ОСТАНКИ НА ДВЕ ДЕЦА, НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО И КОГА УМРЕЛЕ

    ВО КУФЕРИ КУПЕНИ НА АУКЦИЈА ВО НОВ ЗЕЛАНД ПРОНАЈДЕНИ ОСТАНКИ НА ДВЕ ДЕЦА, НЕ СЕ ЗНАЕ КАКО И КОГА УМРЕЛЕПолицијата верува дека куферите биле во складиштето повеќе години (Фото: АП)

    Човечките останки пронајдени во куфери купени на аукција во Њу Зеланд припаѓаат на две мали деца и се верува дека биле запечатени со години, објави полицијата.

    Таа отвори истрага за убиство на 12 август откако едно семејство од Окленд ги купило куферите на онлајн аукција од едно складиште. Тие ги отвориле куферите дури кога ги донеле дома, а по шокантното откритие, се јавиле во полиција. Семејството не е поврзано со лешевите, кажа полицијата.

    Јавниот обвинител на Окленд, Тофилу Фамануија Валеу, кажа дека децата биле на возраст меѓу пет и десет години.

    „Телата биле запечатени во два куфера со иста големина. Верувам дека куферите биле во складиштето повеќе години, веројатно три-четири“.

    Продолжува истрагата за да се утврди кога, каде и како умреле децата.

    „Имаме причина да веруваме дека овие деца имаат роднини во Нов Зеланд кои не се свесни дека тие се починати“, кажа Валеу.

    Тој не потврди дали полицијата зборела со претходниот сопственик на складиштето. Во куферите се пронајдени и домашни и лични предмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира