ВО КУВАЈТ ПОГОДЕНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА И СЕ УРНАА АМЕРИКАНСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ

    ВО КУВАЈТ ПОГОДЕНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА И СЕ УРНАА АМЕРИКАНСКИ БОРБЕНИ АВИОНИЧад се гледа во правецот на американската амбасада во Кувајт (Фото: АФП)

    Пожар и чад се забележани на просторот на американската амбасада во Кувајт по денешниот ирански напад врз малата блискоисточна држава. Од амбасадата не потврдија дека била погодена, но оттаму претходно ги предупредија американските граѓани да не доаѓаат и да побараат засолниште во затворено.

    Министерството за здравство на Кувајт објави дека во досегашните ирански одмазднички напади загинало едно лице, а 32 биле повредени.

    Двајца американски функционери изјавија дека и тројцата американски војници загинале во воена база во Кувајт, а во оваа земја денеска се урнале и американски борбени авиони.

    Пилотите преживеале неповредени. Тие се евакуирани и префрлени во болници на лекарски прегледи. Нивната состојба е стабилна“, кажаа од кувајтското министерство за одбрана, додавајќи дека се истражуваат околностите на инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира