ВО ОКТОМВРИ ПОСТХУМНО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН МЕМОАРОТ НА ВИРЏИНИЈА ГУФРИ, КОЈА ГО ОБВИНИ БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕНДРУ ВО СКАНДАЛОТ ЗА СЕКСУАЛНА ТРГОВИЈА НА ЏЕФРИ ЕПСТАЈН

    ВО ОКТОМВРИ ПОСТХУМНО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН МЕМОАРОТ НА ВИРЏИНИЈА ГУФРИ, КОЈА ГО ОБВИНИ БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕНДРУ ВО СКАНДАЛОТ ЗА СЕКСУАЛНА ТРГОВИЈА НА ЏЕФРИ ЕПСТАЈНГуфри завршила со работата на книгата, насловена „Ничија девојка“, пред да се самоубие во Австралија во април, на 41 година. (Фото:

    Mемоарите на Вирџинија Гуфри, која ги обвини британскиот принц Ендру војводата од Јорк и покојниот финансиер Џефри Епстајн за сексуален напад, ќе бидат постхумно објавени во октомври. Гуфри завршила со работата на книгата, насловена „Ничија девојка“, пред да се самоубие во Австралија во април, на 41 година. Издавачката куќа „Алфред А. Кнопф“ соопшти дека Гуфри јасно ставила до знаење неколку недели пред нејзината смрт дека нејзина „искрена желба“ е мемоарите сепак да бидат објавени во случај на нејзина смрт.

    Гуфри тврдеше дека Епстајн и неговата поранешна девојка, Гислејн Максвел, ја продале на принцот Ендру кога имала 17 години. Принцот Ендру ги негираше сите обвинувања против него. Во 2022, принцот постигна вонсудска спогодба со Гуфри. Спогодбата вклучуваше изјава во која тој изрази жалење за неговата поврзаност со Епстајн, но не содржеше признавање на одговорност или извинување.

    Мемоарите од 400 страници, напишани со коавторката Ејми Волас, ќе бидат првпат Гуфри јавно да зборува за принцот по спогодбата.

    „Кнопф“, кој е дел од „Пингвин Рендом хаус“, изјави дека Гуфри ѝ испратила е-пошта на Волас на 1 април, кратко откако таа изјавила дека доживеала сообраќајна несреќа.

    „Содржината на оваа книга е клучна, бидејќи има за цел да фрли светлина врз системските неуспеси што овозможуваат трговија со ранливи лица преку границите“, се вели во е-поштата. „Императив е вистината да се разбере и да се решат прашањата околу оваа тема, и заради правдата и заради подигање на свеста.“

    Издавачот изјави дека книгата ќе сподели „интимни, вознемирувачки и тажни нови детали за времето поминато со Епстајн, Максвел и нивните многу познати пријатели, меѓу кои и принцот Ендру“.

    Епстајн си го одзеде животот в затвор во 2019, каде што чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе. Истражителите ја сметаат неговата смрт како самоубиство. Тој претходно беше осуден во 2008 година за подведување малолетничка на проституција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира