Стотици пратеници и други вработени во Европскиот парламент биле изненадени кога возот со кој патувале од Брисел до Стразбур завршил во парискиот забавен парк Дизниленд. Овој специјален воз патува еднаш месечно за да ги превезе европратениците меѓу Брисел и Стразбур.
Сепак, поради грешка во сигнализацијата, тие во понеделникот накратко имале неочекуван поглед на ролеркостери.
„Ние не сме Мики Маус парламент“, напиша еден европратеник на Икс.
Иако некои се пошегуваа со ситуацијата, други ја нагласија потребата од останување во Брисел, место да се патува во североисточниот француски град.
Застанувањето во Дизниленд не беше доволно долго за европратениците и нивните помошници да испробаат некое возење, бидејќи доцнењето траело само 45 минути.
Француската железничка компанија СНЦФ соопшти дека грешка во сигнализацијата на пругата придонела возот да ја испушти линијата за меѓусебно поврзување кога се приближувал кон поширокиот регион на Париз.