ВОЗАЧИ ЗАСТАНУВАА ДА СОБИРААТ РИБИ ОД УЛИЦА ПО НЕВРЕМЕ ВО МАЛТА

    ВОЗАЧИ ЗАСТАНУВАА ДА СОБИРААТ РИБИ ОД УЛИЦА ПО НЕВРЕМЕ ВО МАЛТАНеколку видеа беа објавени денеска на социјалните мрежи со риби на улиците на Шемшија додека дува силен ветар.(Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Илјадници риби завршија на суво во Шемшија по огромните бранови на брегот на Малта и дел од возачите побрзаа да ги соберат, веројатно за јадење. Неколку видеа беа објавени денеска на социјалните мрежи со риби на улиците на Шемшија додека дува силен ветар.

    „Изгледа дека некоја од фармите за риби попуштила и стотици риби се насукаа на брегот и луѓето ги собираа од среде улица. Неверојатно“, напиша очевидец на Фејсбук.

    Големи бранови го погодија југоисточниот дел на островот, предизвикувајќи хаос во заливите Сент Џулијан и Сент Пол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира