Еден дански и двајца американски научници ја делат годинашната Нобелова награда за хемија за нивното револуционерно истражување на молекулите.
Кралската шведска академија на науки соопшти дека Керолин Бертози од Универзитетот во Стенфорд, Мортен Мелдал од Универзитетот во Копенхаген и Бери Шарплес од истражувачкиот институт „Скрипс“ во Калифорнија постигнале револуција во поврзувањето молекули.
„Тие се заслужни за развојот на ‘клик‘ хемијата и на биоортогоналната хемија“, кажа Академијата.
Ова е втор Нобел за Шарплес, кој беше меѓу добитниците и во 2001 година, додека Бертози е осма жена која ја освојува наградата за хемија.