ВУЧИЌ ПЛАНИРА ДА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ОТВОРАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ РУДНИК ЗА ЛИТИУМ ВО ЕВРОПА

    ВУЧИЌ ПЛАНИРА ДА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ОТВОРАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ РУДНИК ЗА ЛИТИУМ ВО ЕВРОПААко се исполнат сите услови, рудникот на локалитетот Јадар би можел да биде отворен во 2028 (Фото: Н1)

    Александар Вучиќ е подготвен да му даде зелено светло на британско-австралискиот рударски гигант „Рио Тинто“ да го отвори најголемиот рудник за литиум во Европа, две години откако Србија го откажа проектот, објави „Фајненшл тајмс“. Вучиќ изјави за весникот дека новите гаранции добиени од „Рио Тинто“ и Европската Унија би требало да одговорат на загриженоста на Србија за тоа дали ќе бидат исполнети неопходните еколошки стандарди за локалитетот Јадар на западот на земјата.

    Сметан од САД и ЕУ за клучна суровина, литиумот се користи во батериите за електрични возила и мобилни уреди.

    Ако се исполнат сите услови, рудникот би можел да биде отворен во 2028. Се проценува дека тој ќе произведува 58.000 тони литиум годишно, што би било доволно за 17% од производството на електрични возила во Европа, односно 11 милиони коли“, кажа Вучиќ.

    Во 2021 и 2022, српските активисти собраа 30.000 потписи за петиција со која се бараше парламентот да донесе закон за запирање на истражувањето на литиум во земјата. Српските власти во 2022 ја отповикаа дозволата за 2,4 милијарди долари вредниот проект на „Рио Тинто“ во Јадар по масовните еколошки протести.

    Ако се реализира, со него ќе се задоволуваат 90% од сегашните европски потреби за литиум, а компанијата ќе стане водечки производител на литиум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира