ЗАКЕРБЕРГ ЈА УКИНУВА ПРОВЕРКАТА НА ФАКТИ НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ, КРИТИЧАРИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СО ОВА МУ УДОВОЛУВА НА ТРАМП

    ЗАКЕРБЕРГ ЈА УКИНУВА ПРОВЕРКАТА НА ФАКТИ НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ, КРИТИЧАРИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА СО ОВА МУ УДОВОЛУВА НА ТРАМПЗакерберг кажа дека новиот систем се покажал успешен на Икс (Фото: АП)

    Мета“ се откажува од тимовите за проверка на факти на Фејсбук и Инстаграм, заменувајќи ги со „белешки на заедницата“ (community notes) налик на Икс, каде што коментирањето за точноста на објавите е оставено на корисниците.

    Извршниот директор на компанијата Марк Закерберг кажа дека независните модератори биле премногу политички пристрасни и дека било време да се вратиме на нашите корени на слободното изразување.

    Потпирањето на компанијата врз независни модератори беше добронамерно, но премногу често резултираше со цензурирање на корисниците“, изјави Џоел Каплан, новиот шеф за глобални прашања во „Мета“.

    Критичарите на оваа промена сметаат дека таа е мотивирана само од желбата да му се удоволи на Доналд Трамп.

    Објавата на Закерберг е бесрамен обид да ѝ се удоволи на претстојната администрација на Трамп, но со штетни импликации. Тврдењето дека со ова се спречува цензура е политички потег за да се избегне преземање одговорност за омразата и дезинформациите што платформите ги поттикнуваат и олеснуваат“, рече Ава Ли од организацијата „Global Witness“.

    Мета“ ја воведе сегашната програма за проверка на факти во 2016 и се однесува на објави кои се чинат лажни или погрешни, кои притоа јасно се означуваат како такви. Новиот систем, за кој „Мета“ кажа дека се покажал успешен на Икс, прво ќе се воведе во САД и засега немало планови промени да се прават и во ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира