ЗАЛУТАНИОТ КИТ БЕЛУГА ИЗВАДЕН ОД РЕКАТА СЕНА ПО ШЕСТЧАСОВНА ОПЕРАЦИЈА

    ЗАЛУТАНИОТ КИТ БЕЛУГА ИЗВАДЕН ОД РЕКАТА СЕНА ПО ШЕСТЧАСОВНА ОПЕРАЦИЈАКитот ќе се лекува неколку дена, пред да биде пуштен во отворено море (Фото: Твитер)

    Китот белуга кој залута во реката Сена во Франција е извлечен од водата во првата фаза од амбициозна спасувачка операција. Четири метри долгиот кит, чие природно живеалиште се далеку постудените арктички води, една недела беше заглавен во реката, 70 километри северозападно од Париз.

    Десетина ветеринари беа подготвени да го прегледаат китот откако тој беше изваден со импровизирана нишалка. Во спасувањето се вклучени околу 80 лица, меѓу кои и нуркачи и полицајци.

    На спасувачкиот тим му требаа шест часа ноќеска за да го подигне 800 килограми тешкиот кит од водата. Китот се префрла во камион-ладилник на брегот, каде што ќе биде лекуван неколку дена, пред да биде пуштен во отворено море.

    Ова е долга и технички сложена спасувачка операција, која бара многу вештини“, изјави генералната секретарка на префектурата Евр, Изабел Дорлија-Пузет.

    Китот залута повеќе од 100 километри во внатрешноста и неговото здравје почна да се нарушува зашто одбиваше да јаде. Експертите се зачудени како китот стигнал толку далеку од своето природно живеалиште. Според француската опсерваторија „Пелажис“, најблиската популација на белуги е забележана покрај норвешкиот архипелаг Свалбард, 3.000 километри од Сена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира