Заменик министер во косовската влада загинал во лавина додека бил на скијање во јужниот дел на државата, потврди премиерот Рамуш Харадинај.
Во инцидентот во скијачкиот центар Брезовица на Шар Планина, 80 километри јужно од Приштина, загинал заменик министерот за дијаспора Аријан Даци, а негов пријател е повреден.
Според информациите од владата, тие скијале надвор од обележаните патеки, кога биле погодени од лавина. Вработените во зимскиот центар пронашле едно мртво тело и помогнале да се спаси другото лице.
Косовските медиуми го опишуваат 40-годишниот Даци како пасиониран скијач и љубител во екстремни зимски спортови.