Заменик-шефот на политичкото биро на Хамас, Салех ал-Арури, е убиен во напад со дрон во Либан. Неговата смрт беше потврдена од радиостаницата на Хамас.
Според либанската државна телевизија, мета на израелски дрон била регионалната канцеларија на Хамас во јужното предградие на Бејрут, Даијех, при што во експлозијата загинале најмалку четири лица.
Педесет и седумгодишниот Арури беше еден од основачите на военото крило на Хамас и го предводеше нрговото присуство на окупираниот Западен Брег. Тој беше еден од функционерите на Хамас кои беа најтесно поврзани со Иран и Хезболах.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани по почетокот на војната на 7 октомври дека ќе го убијат Арури.