ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ДЕКА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВОСПОСТАВИЛА КОМАНДЕН ЦЕНТАР ВО СУЏА ВО КУРСК, ЛУКАШЕНКО ГИ ПОВИКА РУСИЈА И УКРАИНА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИ

    ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ДЕКА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ВОСПОСТАВИЛА КОМАНДЕН ЦЕНТАР ВО СУЏА ВО КУРСК, ЛУКАШЕНКО ГИ ПОВИКА РУСИЈА И УКРАИНА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИКиев вели дека една од целите на операцијата е да се создаде безбедносна погранична зона во Курск (Фото: АП)

    Володимир Зеленски објави дека украинските сили имаат целосна контрола врз рускиот град Суџа, кој пред војната имаше 5.000 жители и содржи инфраструктура за транспорт на рускиот природен гас кон Европа. Суџа, која се наоѓа десетина километри од границата, е најголемото од 80 населени места што Украина ги зазела од почетокот на изненадувачката офанзива во рускиот регион Курск пред десет дена.

    Генералот Сирски ме извести за ослободувањето на Суџа од руската војска. Во градот е воспоставен заповеден центар на украинската војска“, кажа Зеленски.

    Иако некои жители останаа, најголем дел беа евакуирани. Во Суџа се наоѓа мерна станица за рускиот гас кој тече од западен Сибир во Европа преку Украина.

    И додека Русија и Украина тврдат дека напредуваат во други делови на Курск, гувернерот Алексеј Смирнов нареди евакуација во областа на Глушково, оддалечено 45 километри од Суџа. Според локалните власти, досега се евакуирани повеќе од 120.000 луѓе.

    Киев вели дека една од целите на операцијата е да се создаде безбедносна погранична зона во Курск, што би ја спречило Русија да ја напаѓа Украина.

    Реагирајќи на случѕвањата во Курск, белорускиот претседател Александар Лукашенко ги повика Русија и Украина да почнат преговори за крај на војната, со цел таа да не се прелее во Белорусија.

    Само високорангирани луѓе од американско потекло сакаат војната да продолжи. Западот ја охрабрува Украина да војува зашто сака Русија и Украина меѓусебно да се уништат“, кажа Лукашенко.

    Без да понуди докази, тој рече дека Украина има планови за напади врз Белорусија.

    Ајде да седнеме на преговарачка маса и да го завршиме овој хаос, Ние не сакаме ескалација, не сакаме војна со НАТО“, кажа Лукашенко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира