ЗЕЛЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА И МУ ПОДАРИ ИКОНА НАСЛИКАНА НА ВОЈНИЧКИ ПАНЦИР

    ЗЕЛЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА И МУ ПОДАРИ ИКОНА НАСЛИКАНА НА ВОЈНИЧКИ ПАНЦИРЗеленски се сретна со папата за време на денешната посета на Рим (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети Рим и Ватикан, каде што се сретна со папата Фрањо, кој минатиот месец кажа дека е вклучен во мировен процес за ставање крај на војната со Русија.

    Зеленски зборел со папата околу 40 минути, при што му подарил панцир носен од украински војник на кој подоцна била насликана Богородица. Тој последен пат се сретна со папата во Ватикан во 2020 и неколкупати разговарале телефонски од почетокот на војната.

    Откако во почетокот имаше балансиран став кон војната со надеж дека ќе биде посредник, папата подоцна почна поотворено да ги осудува руските воени акции, споредувајќи ги со најлошите злосторства против Украина во Втората светска војна. По враќањето од Унгарија на 30 април, папата навести дека Ватикан е вклучен во мисија за ставање крај на војната.

    Зеленски доби полна поддршка и од италијанскиот претседател Матарела и премиерката Мелони, а утре ќе го посети Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира