ЗЕМЈОТРЕС НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ ИСКИЈА, ЕДНА ЖЕНА ЗАГИНА ОД ПАРЧИЊА ОД ФАСАДАТА ОД ЦРКВАТА

    ЗЕМЈОТРЕС НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ ИСКИЈА, ЕДНА ЖЕНА ЗАГИНА ОД ПАРЧИЊА ОД ФАСАДАТА ОД ЦРКВАТАЛокалните власти стравуваат дека под урнатините има уште затрупани (Фото: АНСА)

    Земјотрес од 3,6 степени го погоди популарниот италијански остров Искија во близина на Неапол при што загина една жена, а неколку згради се урнати.

    Телевизиските снимки покажуваат дека околу шест загради во гратчето Казамичола и црквата се урнати. Извори во локалната болница изјавиле дека има многу пациенти со лесни повреди. Жената која загинала била удрена од парчиња од фасадата од црквата. Болницата е евакуирана па повредените се третираат надвор.

    Земјотресот се случил во 20.57. Во градот нема струја.

    Сепак, локалните власти велат дека ситуацијата е мирна и под контрола. Се стравува дека повеќе луѓе можеби се заробени под урнатините, а некои се исчезнати, па не се знае дали има повеќе жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира