ЖЕНА УАПСЕНА ЗА ПУКАЊЕ КОН ДОМОТ НА РИЈАНА ВО БЕВЕРЛИ ХИЛС

    ЖЕНА УАПСЕНА ЗА ПУКАЊЕ КОН ДОМОТ НА РИЈАНА ВО БЕВЕРЛИ ХИЛСВо инцидентот нема повредени, иако Ријана била дома во тој момент (Фото: Гети)

    Триесетгодишна жена е уапсена во врска со пукање кон домот на поп-ѕвездата Ријана во Беверли Хилс. Полицијата на Лос Анџелес соопшти дека пукањето се случило вчера во 13:15 часот по локално време и дека напаѓачот е приведен.

    Властите потврдија дека мета на нападот бил домот на Ријана, а на местото на настанот се пронајдени чаури од автоматско оружје. Во инцидентот нема повредени, иако Ријана била дома во тој момент.

    Осомничената застанала пред портата од домот на Ријана и испукала најмалку десет куршуми од својот автомобил, по што избегала. Автомобилот беше лоциран 12 километри од домот на Ријана, каде што жената беше уапсена“, соопшти полицијата на Лос Анџелес.

    Идентитетот на жената не е објавен, а не е познат ни мотивот на пукањето. Полицијата пронашла дупки од куршуми на портата и на џипот паркиран во дворот.

    Ријана живее во вилата во Беверли Хилс со својот партнер, раперот АСАП Роки, а двојката има и три деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира