ЗАДОВОЛИТЕЛНО НЕРЕГУЛАРНО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:50:"Џа­фе­ризапрет­се­да­тел

    1. Поз­драв до прет­се­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров. Во “Са­кам да ка­жам” го има­ше уш­те од са­ми­от по­че­ток, во 1991 го­ди­на. Ре­чи­си де­вет го­ди­ни го пи­шу­вав и за доб­ро и за ло­шо. Но, ба­рем за ме­не бе­ше го­лем прет­се­да­тел, заш­то ни­ту ед­наш не из­ре­а­ги­ра од по­зи­ци­ја на си­ла ни­ту, пак, ми ис­пра­ќа­ше по­ра­ки пре­ку пос­ред­ни­ци, иа­ко чувс­тву­вав ко­га ми бе­ше лут. Му по­са­ку­вам долг жи­вот и доб­ро здрав­је.
    Не тре­ба да нé из­не­на­ду­ва тоа што наб­љу­ду­вач­ка­та ми­си­ја на ОБСЕ да­де оцен­ка де­ка из­бор­ни­от про­цес бил за­до­во­ли­те­лен, со од­ре­де­ни не­ре­гу­лар­нос­ти во за­пад­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја и во око­ли­на­та на Скоп­је. По­мал­ку или по­ве­ќе, ис­ти­от текст се пов­то­ру­ва во оцен­ки­те за си­те до­се­гаш­ни из­бо­ри, от­ка­ко ОБСЕ нé наб­љу­ду­ва.
    Из­бор­ни­от про­цес е са­мо ог­ле­да­ло на се­кој­днев­ни­от жи­вот. И се­кој­днев­ни­от жи­вот ни е за­до­во­ли­те­лен, со од­ре­де­ни не­ре­гу­лар­нос­ти. Си­те овие го­ди­ни жи­ве­е­ме за­до­во­ли­тел­но не­ре­гу­лар­но. За­тоа и уш­те сме ин­те­рес­ни за наб­љу­ду­ва­ње.

    2. Сé до­де­ка сме ин­те­рес­ни за наб­љу­ду­ва­ње, За­пад ќе ни из­би­ра прет­се­да­тел. Притоа не мис­лам на гла­сач­ки­те лив­чи­ња од За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку на За­пад кој во Ма­ке­до­ни­ја се се­ки­ра са­мо за ли­де­ри­те на ту­каш­ни­те Ал­бан­ци. Ако се тие за­до­вол­ни, за­до­во­лен е и За­пад. До­де­ка Ки­ро Гли­го­ров ва­же­ше за му­дар ли­дер кој про­по­ве­да со­жи­вот со Ал­бан­ци­те, на За­пад не му пре­че­ше во 1994 го­ди­на да по­бр­за со чес­тит­ки­те за из­бо­рот, и пок­рај “од­ре­де­ни­те не­ре­гу­лар­нос­ти”. Ис­то ка­ко што и се­га не му пре­чи да му ја чес­ти­та по­бе­да­та на Бо­рис Трај­ков­ски, и пок­рај “од­ре­де­ни­те не­ре­гу­лар­нос­ти”.
    Та­ка што се­га, бадијала му се на Бран­ко про­тес­тни­те ми­тин­зи и об­ви­ну­ва­ња­та за фал­си­фи­кат. ВМРО-ДПМНЕ уш­те во 1990 го­ди­на ви­ка­ше “Пе­ро Шип­тар” по ули­ци­те, а во 1994 го­ди­на ги ос­во­ју­ва­ше Соб­ра­ни­е­то и Ма­ке­дон­ска­та ра­дио те­ле­ви­зи­ја. Џа­бе им бе­ше. Ис­то ка­ко што им бе­ше џа­бе и со­би­ра­ње­то на 220 ил­ја­ди пот­пи­си за ре­фе­рен­дум за пред­вре­ме­ни из­бо­ри. Не вре­ди СДСМ да им се лу­ти на Аме­ри­кан­ци­те што по­бр­за­ле да му чес­ти­та­ат на Трај­ков­ски. Во 1994 го­ди­на, тие по­бр­заа и му чес­ти­таа на Гли­го­ров. А и во ВМРО-ДПМНЕ не беа баш среќ­ни ко­га бив­ши­от аме­ри­кан­ски ам­ба­са­дор Крис­то­фер Хил иг­ра­ше ко­шар­ка со Бран­ко и пуш­та­ше сел­ски пат­чи­ња во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња. Е се­га За­пад го из­бра Љуб­чо, за да си иг­ра со не­го.
    Ако е та­ка, зош­то во­оп­што се ма­чев­ме да из­ле­гу­ва­ме на из­бо­ри и зош­то ак­ти­вис­ти­те на ДПА бадијала тро­шеа мас­ти­ло за ил­јад­ни­ци лив­чи­ња, ко­га мо­жев­ме за прет­се­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја да си го из­бе­ре­ме Ар­бен Џа­фе­ри. И та­ка сé за­ви­си од не­го. И ко­а­ли­ци­ја­та, и под­дрш­ка­та од За­пад, и ре­дот и ми­рот во др­жа­ва­та. По­ар­но Џа­фе­ри от­кол­ку за пет го­ди­ни да из­би­ра­ме двај­ца прет­се­да­те­ли – еден за За­пад, а друг за Ис­ток. Па не­ли сме уни­тар­на др­жа­ва.
    Да се на­де­ва­ме, белки ко­га ка­ко Ма­ке­дон­ци ќе ста­не­ме мал­цин­ство, ќе до­жи­ве­е­ме мал­ку За­пад да се гри­жи и за нас. Белки то­гаш ние ќе би­де­ме бит­ни во Ма­ке­до­ни­ја, па од нас ќе за­ви­си кој ќе ни би­де прет­се­да­тел.
    За­тоа, не тре­ба да се об­ви­ну­ва Љуб­чо де­ка нап­ра­вил па­зар со Џа­фе­ри. Тој са­мо ин­вес­ти­ра во ид­ни­на­та на ма­ке­дон­ски­от на­род. Ќе му да­де се­га на Џа­фе­ри сé што по­ба­ра Му­а­рем Не­џи­пи во кам­па­ња­та и пос­ле, ко­га ние ќе ста­не­ме мал­цин­ство, ќе би­де­ме во по­доб­ра по­зи­ци­ја. Не­ма да мо­ра­ме да се бо­ри­ме за дво­ја­зич­ност, ако ве­ќе Џа­фе­ри се из­бо­рил за тоа.
    Ис­кре­но се на­де­вам де­ка Џа­фе­ри ќе ја по­чи­ту­ва бе­са­та. Пам­ети, па вра­ти. Не­мој слу­чај­но да ни ги заб­ра­ни уни­вер­зи­те­ти­те во Скоп­је и Би­то­ла или, не дај бо­же, да нé те­па ако ја пе­е­ме ма­ке­дон­ска­та хим­на. Оти­де под­дрш­ка­та од За­пад.

    3. От­ка­ко го из­гле­дав ТВ-ду­е­лот ме­ѓу Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски и Бран­ко Цр­вен­ков­ски, де­фи­ни­тив­но ми ста­на јас­но де­ка ни ед­ни­от ни дру­ги­от не се за да ги пуш­тиш до­ма да ти дој­дат на гос­ти. Ќе ти нап­ра­ват бе­ља. Ај што не са­кав да пад­нам на нив­но­то ни­во, па да по­го­ду­вам кој е нар­ко­ман, а кој ду­шев­но бо­лен, ту­ку не мо­жев да от­кри­јам ни кој е по­до­бар. Ед­нос­тав­но, двај­ца­та се нат­пре­ва­ру­ваа во до­ка­жу­ва­ње­то кој е по­лош од дру­ги­от.
    Бран­ко ви­ка: “Вие кра­де­те!”, Љуб­чо од­го­ва­ра: “И вие кра­дев­те!” Бран­ко ви­ка: “Вие швер­цу­ва­те со по­мош на ДПА!”, Љуб­чо од­го­ва­ра: “И вие швер­цу­вав­те со по­мош на ПДП!” Бран­ко ви­ка: “ДПА ја кон­тро­ли­ра За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја!”, Љуб­чо од­го­ва­ра: “И ПДП ја кон­тро­ли­ра­ше За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја!”
    Са­мо Ба­не Ди­мов­ски бри­ли­ра­ше. Да бе­ше ша­хов­ски меч, Ба­не ќе го иг­ра­ше ча­сов­ни­кот. Ва­ка, ка­ко ле­ген­да на ма­ке­дон­ско­то ТВ-но­ви­нар­ство, иг­ра­ше мно­гу конс­трук­тив­на уло­га. Не са­мо што ус­пеа да пос­та­ви две пра­ша­ња, не са­мо што не доз­во­ли да се збу­ни ко­га ста­ва­ше рец­ки ка­ко за таб­ла­нет, ту­ку ус­пеа да ја ос­та­ви тех­ни­ка­та во сту­ди­о­то не­чеп­на­та.
    Да ви ка­жам пра­во, ко­га ви­дов ка­ко двај­ца­та се фа­лат со кра­де­ње­то, се ис­пла­шив де­ка ќе ис­пру­жат ра­ка од те­ле­ви­зо­рот и ќе ми ук­ра­дат неш­то од днев­на­та со­ба. Сре­ќа, та­му бе­ше Ба­не, па ја кон­тро­ли­ра­ше си­ту­а­ци­ја­та.

    4. Ре­форм­ски нас­тро­е­на­та Вла­да и уш­те по­ре­фор­ма­тор­ски­от ми­нис­тер Бо­рис Стој­ме­нов, ре­шија да ги за­до­во­лат ба­ра­ња­та на син­ди­ка­тот на др­жав­ни­те служ­бе­ни­ци. Ќе им до­де­лаат К-15.
    Ако сто­панс­тво­то ни е рик­на­то од да­но­ци, ако ра­бот­ни­ци­те во фаб­ри­ки­те не­ма­ат зе­ме­но пла­ти со ме­се­ци, ама при­до­не­си­те мо­ра­ат да си ги пла­ќа­ат, ако лу­ѓе­то ос­та­наа и без ра­бо­та и без па­ри. Тие се жрт­ва на ка­пи­та­лиз­мот.
    И не се ис­пла­ши ми­нис­те­рот од нив, ту­ку од не­го­ви­те служ­бе­ни­ци на кои ба­рем пла­та­та им сти­га­ше на вре­ме, и зе­маа кар­тон­чи­ња за ле­кување, ако, не дај бо­же, се раз­бо­лат, ама ете, не­ма­ле па­ри за од­мор. Да жи­вее со­ци­ја­лиз­мот.

    5. Но­во­из­бра­ни­от прет­се­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја Бо­рис Трај­ков­ски, во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња ве­ру­ва­ше во Ма­ке­до­ни­ја, во ис­кре­нос­та, во тра­ди­ци­ја­та, во се­мејс­тво­то, во се­бе, во Џа­фе­ри… Да­ли се­га ве­ру­ва во ре­зул­та­ти­те од гла­са­ње­то?

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира