Здравствени работници, волонтерите и пациентите учествуваа на Скопскиот маратон на дарителите на коскена срцевина.
Паралелно со трката, пред салата Борис Трајковски, каде што беа стартот и целта, имаше и отворен пункт, каде граѓаните можеа да се информираат за принципите на органодонорството, за законските одредби за тоа како секој од нас може да стане донор, како и за значењeто на трансплантациите како можност за лекување. Одговори на овие прашања даваа директно тимовите на експерти кои се дел од овие интервенции.
Граѓаните, исто така, имаа можност да станат дел од Националниот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина, доколку се граѓани на возраст од 18 до 50 години и во добра здравствена состојба. Дарител може да биде секој што се чувствува здрав и е подготвен да спаси нечиј живот, само со доброволно дарување на 5 милилитри периферна крв, ќе се запише во регистарот на дарители на коскена срцевина. Еден од нив беше министерот за здравство Венко Филипче.
Настанот беше во организација на ЈЗУ Клиниката за хематологија – Скопје.