НА ЖЕНА МУ И ИСКОПАЛ ГРОБ ПОД КРЕВЕТ И ВРЗАНА ЗА КРЕДЕНЕЦ ЈА ГОРЕЛ СО ПЕГЛА

Ја врзувал за креденец, ја горел со пегла и ископал гроб под креветот на кој што спиела. Ова е кусо објаснување на однесувањето на насилник од Кавадарци кого правдата се уште не го стигнала. Случајот јавно никој не го раскажа, за него знаат кавадарчани кои од однесувањето на овој насилсник се подеднакво згрозени како и од трикратното убиство во...

КОЦЕ И ВЛАДАТА ОСУМ ГОДИНИ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ КОИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ОТРОВИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ

Сите мерни станици на Министерството за животна средина во Скопје вчера покажуваа зголемено присуство на канцерогените честички ПМ10 и ПМ2,5. Загадувањето на амбиенталниот воздух е најголемо во вечерните часови. Прексиноќа во 21 часот мерната станица во Лисиче покажа 600 микрограми честички на еден кубен метар, што е 12 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во 23 часот, пак, во Гази Баба и во...

СЛЕПОТО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ ИСКЛУЧЕНО ОД СТРУЈА ПОРАДИ ДОЛГ ОД ПРЕД 10 ГОДИНИ

Осумчленото слепо семејство Младеновски од планинското село Враготурце, кумановско остана без струја на -20 степени, поради неплатен долг од пред 10 години. Главата на семејството Новко, тврди дека за долгот дознал пред Нова година, кога му стигнала сметка за долг од 2006 до 2009 во висина од 33.000 денари на име на татко му, кој починал пред 2 години....

ОСУМЧЛЕНО СЛЕПО СЕМЕЈСТВО ТРИПАТИ ОДБИЕНО ЗА СОЦИЈАЛЕН СТАН

Осумгодишно девојче со интелектуална попреченост  пешачи десетина километри дневно за да оди на училиште. Првачето Елеонора Младеновска од селото Враготурце, од почетокот на учебната година секој ден поминува по 4 часа во планина за да стигне на настава во соседното село Пелинце. Од дома излегува околу 5.30 часот и пробивајќи се по густата шума, непристапниот и стрмен терен, во...

ЈОРДАН МИЈАЛКОВ МЕ ПРОТНА В КУЈНА ЗА ДА ИЗВЕСТУВАМ, РАСКАЖУВА АНА ПАНОВСКА ЗА ДЕНОВИТЕ КОГА СЕ РАСПАЃАШЕ ЈУГОСЛАВИЈА

    Новинарката Ана Пановска беше одговорен уредник на информативната програма на МТВ од крајот на 1990 до почетокот на 1994 година. Таа за САКАМДАКАЖАМ.МК ги сподели спомените од Денот на референдумот и сите настани што му претходеа, како и тоа што се случуваше подоцна, се до приемот на Македонија во ОН во 1993 година. Раскажува за организирање на преносот од...

ЅВЕЗДИТЕ ПЕЕЈА ЗА АКИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ВИЕНА, И СОБРАА ПАРИ ЗА ДЕТСКА БОЛНИЦА

Оперски ѕвезди од целиот свет пееја на хуманитарната гала вечер во средата вечер во Виена, во чест на 60-годишниот роденден на Аки од Македонија, во хуманитарна цел за децата болни од рак за детската болница „Света Ана“. Угледните гости кои ја наполнија најпознатата концертна сала во Виена, Музикферајн, каде што се одржува традиционалниот Новогодишен концерт, преку влезниците собраа 110 илјади...

БАРОКНИ КАНДЕЛАБРИ ОД 1.600 ЕВРА НА ПАТЕКАТА ЗА ЏОГИНГ КРАЈ ВАРДАР

Рекреативната патека покрај Вардар во Скопје доби барокно осветлување. Новите златно-зелени канделабри вчера светеа и во ден. Поставени се на патеката за џогинг покрај реката, на потегот од Градски парк кон Плоштадот Македонија. Патеката со години е во мрак, велосипедистите, ролерџиите и рекреативците во неколку наврати официјално се обраќаа до Град Скопје со барање да ја осветлат патеката за да...

КЉУСЕВ И МИЈАЛКОВ МИ РЕКОА ТАЈНО ДА ГИ ВРАТАМ ВОЈНИЦИТЕ ОД ХРВАТСКА, ВЕЛИ ВАЊА БИТОЉАНУ, ДИРЕКТОР НА ПАЛЕР МАКЕДОНИЈА

    Со сеќавањата на Вања Битољану, директорот на првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“, САКАМДАКАЖАМ.МК ја продолжува серијата прилози посветени на 25-годишнината од осамостојувањето на Македонија. Најстрого чуваната тајна од периодот на осамостојувањето на Македонија за извлекувањето на македонските војници од Хрватска, 25 години подоцна е јавна. Вања Битољану, тогашен директор на првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“, формирана само неколку месеци...

УБАВО Е ЧУВСТВОТО ДА МУ ДАДЕШ НЕШТО СВОЕ НА СВЕТОТ, ВЕЛИ СЛАВЧЕ ТАНЕВСКИ, ДИЗАЈНЕР НА НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА МЕРЦЕДЕС

Славче Таневски на само 28 години има дизајнирано сопствен автомобил, можност што многу дизајнери ја чекаат цела кариера. Живее и работи во Штутгарт, каде е централата на Мерцедес, чиј најнов модел го носи неговиот потпис. По една година на Машинскиот факултет во Скопје, студиите ги продолжува на Универзитетот за применети науки во Минхен и веднаш по дипломирањето се вработува...

ПЈАЧЕНЦА СТАНА СТРУМИЧЕНЦА СО 10.000 СТРУМИЧАНИ ИСЕЛЕНИ СО БУГАРСКИ ПАСОШ

Салата при Домот на АРМ во Струмица викендов беше претесна за сите кои сакаа да присуствуваат на Неделата на италијанскиот јазик и култура, што секоја година се одбележува во организација на Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“. Во присуство на италијанскиот амбасадор Карло Ромео беа промовирани  дела  на струмички студенти кои се школувале на италијанските универзитети од областа на модата,...