ГЛЕДАЈ ЦРТАНИ

1. Кампањата за парламентарните избори почнува дури сега, а мене веќе ми е збоктисано. Кај што на работа цел ден се мачиме како да избегаме од темата , а ако веќе објавуваме, со шублер мериме на кандидативе ист простор да им дадеме и на слика сите да бидат лични, ама и дома дерман немам. Така скапан од работа,...

МАЛКУ ПАРИ

1 Го читав соопштението од средбата меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети. Речникот беше како да се сретнале лидери на две држави. Дури во Мала Речица ставиле и македонско знаме во чест на Бранко. А Али Ахмети му честиташе на храброста како прв македонски политичар што се осмелил да дојде во Мала Речица. Што, толку ли е страшно таму?...

ДОЗВОЛА ЗА ЖИВОТ

1.   Среќа што премиерот Груевски отиде предизборно да става камен-темелник на затворен базен во Охрид. Па прошета низ градот и околината и, шетајќи низ Лескоец, се сретна со еден граѓанин што боледува од рак. За неговата болест имало лек, ама не бил на позитивна листа. Па му помагаат донатори, оти државата го одбила. Неколку дена пред случајната средба во...

МОЕ ЦАРСТВО

1. На кантар студен, со туч го мерат. Но, може ли да ја измерат досетливоста на нашите пратеници, кои од ден на ден нé изненадуваат со сé понови фори и фазони. Ете, сега пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ни соопшти дека привремено се дистанцира од седницата на Собранието заради солидарност со тутунопроиз­водителите кои бараат повисока откупна цена. И така, откако Ленка...

БЛАГ СЕДАТИВ

1. Појавата на потпретседателот на владата д-р Блаже Ристевски на завче­рашната прес-конференција дејствуваше како благ седатив врз "неточно алар­мираната светска заинтересирана јавност" и во последен момент го спречи наглото паѓање на доларот на њујоршкиот Вол Стрит, кој за малку ќе го предиз­викаа новинарите на македонските редакции, што неодговорно известија оти Републи­кава ќе воведе сопствена валута. Дополнително смирувачко дејство, насочено кон...

ЛЕВА ЛЕВА

1 Последнава недела имаше едно чудо изјави што асоцираат на времето на Тито. Прво се одржа некој конгрес на младите социјалисти. Таму, лидерот на Социјалистичката партија Љубисав Иванов Ѕинго порача: "Народ што има ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина". Ѕинго денеска зборува исто како што зборуваше Тито навремето кога ги примаше штафетите. Потоа, премиерот...

СРАЗМЕРНО ТЕПАЊЕ

1 Џабе Цеца се рекламираше како настан на деценијата. Само што си отиде, во Македонија светна нова звезда. Агим Красниќи од Скопје - заробеник од Кондово. Агим е многу фин човек. Плус за жалење. Четири години седи заробен во Кондово. Не и верува на македонската полиција. Не му верува на македонското судство. Но тоа не е толку страшно. Пострашно...

ДЕМОКРАТСКА ДИСЦИПЛИНА

1. Иселениците се вратија. Дојдоа на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Наместо со милијарда долари, колку што ни ветуваа дека ќе ни донесат уште пред изборите доколку победи ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа со полна торба совети. За пари ќе попричекаме, бидејќи во Македонија уште не се создадени услови за странски вложувања. Не се сменети директорите и главните уредници на јавните гласила. За...

МЕЧ И МАДИЊА

1 Дента кога германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски, на фотосервисот на агенцијата Ројтерс имаше десетина фотографии од неа, облечена во истото костимче. Ама не беа од истиот настан. Прво го примила новиот генерален секретар на Арапската лига и со него зборувала за Сирија. Потоа, бидејќи беше Свети Валентин, објавија слики со букет цвеќе,...

ПЛАТИ НОСИ

1 Алал да им е на брачната двојка Николиќ. Успеале да соберат милиони евра од продавање непостојни станови. Фиком е бренд што треба да се заштити. Тие не краделе. Тие здружувале пари. Така им пишува во договорите на измамените. Сега Весна и Никола Николиќ се во Истражниот затвор во Шутка. Власта се труди да ја разоткрие градежната пирамида. Најдобро...