ФИФА ГО ЗАТВОРА ОДДЕЛОТ ЗА ОТКРИВАЊЕ НАМЕСТЕНИ НАТПРЕВАРИ

ФИФА ја затвора дивизијата за откривање наместени натпревари, одлучувајќи да ги предаде на друг истражувачките услуги за неправилности во обложувањето во светскиот фудбал. Истрагите кои што Системот за рано предупредување на ФИФА ги спроведува веќе со децении, сега ќе се извршуваат во компанијата за услуги на податоци, „Спортрадар“. ФИФА денеска соопшти дека Системот за детектирање на измама – „Спортрадар“ ќе...

ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ САСУОЛО ГО САКА СТРУМИЧКИОТ „БОМБАРДЕР“ ТАСЕВСКИ

Италијанскиот фудбалски прволигаш Сасуоло сака да го ангажира младиот струмичанец Ване Тасевски, кој повеќе од една деценија живее со своите родители во Пјаченца, Италија. Освен овој клуб, интерес за 15-годишното момче кое го нарекуваат „бомбардер“, заради своите силни удари  со лева и десна нога кон противничките мрежи, покажале и други италијански клубови. За Тасевски, кој потекнува од струмичко Ново Коњарево,...

ДА ИМАШЕ НЕРЕШЕНО ВО ТЕНИСОТ, ЌЕ ГО ПОДЕЛЕВ ТРОФЕЈОТ СО РАФА, ПОРАЧА ФЕДЕРЕР ПО ТРИУМФОТ ВО АВСТРАЛИЈА

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја освои рекордната 18. гренд слем титула со победата над Рафаел Надал во денешното финале на Австралијан опен и по триумфот му порача на Шпанецот дека би бил среќен да можеше да го поделат трофејот во Мелбурн. „Мислам дека ниту еден од нас двајцата не очекуваше да сретнеме во финалето, кога бевме во твојата академија пред...

НАДАЛ И ФЕДЕРЕР ЌЕ ИГРААТ ВО ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕ ПО 6 ГОДИНИ

Старите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе играат во финалето на Австралијан опен в недела во Мелбурн, што ќе биде нивно прво финале на гренд слем од 2011 година, кога шпанскиот тенисер го освои Ролан Гарос. Надал денеска го победи Бугарот Григор Димитров со 6:3, 5:7, 7:6, 6:7, 6:4  по речиси пет часа игра во второто полуфинале. Вчера, Швајцарецот...

ХИРШЕР ЈА ИЗРАДУВА ДОМАШНАТА ПУБЛИКА НА СЛАЛОМОТ ВО КИЦБИЛ, РАЈДИНГ СО ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ ЗА БРИТАНИЈА

Скијачкиот викенд во Кицбил, Австрија, заврши денеска со машката слалом трка на легендарната патека „Ганшлерн“ и австриската публика ја израдува домашниот скијач Марсел Хиршер, кој го освои првото место пред големото изненадување, Дејв Рајдинг од Велика Британија. Рајдинг, кој имаше водство по првото возење, со втората позиција го повтори најдобриот британски резултат во историјата на Свесткиот куп во алпско скијање,...

РЕЗУЛТАТОТ СО НОРВЕШКА НЕ ТРЕБА ДА ГО РАСИПЕ ВПЕЧАТОКОТ, ПОРАЧА СЕЛЕКТОРОТ ЧЕРВАР ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар вели дека може да бидеме задоволни од настапот на Светското првенство во Франција по денешната елиминацијата од Норвешка во осминафиналето. Во Албервил, Македонија загуби со 34:24 по слабото издание во второто полувреме, откако во првиот дел одигра добро и на полувреме имаше негатива од само два гола (12:10). „Норвешка денеска беше подобриот тим. Знаев...

ШВАРЦЕНЕГЕР И АВСТРИСКАТА ЕЛИТА ДОЈДОА ВО КИЦБИЛ ЗА СПУСТ ТРКАТА И МАРАТОНСКИТЕ ЗАБАВИ

СПЕЦИЈАЛНО ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК ОД КИЦБИЛ: И. ВЕЉКОВИЌ Бројни славни личности како и вообичаено и годинава ја следеа во живо спуст трката од Светскиот куп во алпско скијање во Кицбил, Австрија. На главната трибина, австрискиот канцелар Кристијан Керн налета на Арнолд Шварценегер, холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија. Сепак, двајцата не можеа да бидат задоволни од настапот на домашните скијачи,...

ПОЧИНА ПЛИВАЧКИОТ ТРЕНЕР ДИМИТРИЈА ПОПОВСКИ-ШКИПЕР

Денеска во Скопје, по кусо и тешко боледување на 76 години почина Димитрија Поповски – Шкипер, еден од најистакнатите тренери во македонското пливање. Шкипер беше тренер на нашите најдобри пливачи, како Наташа Мешкоска, Александар Миладиновски, Александар Маленко и Весна Стојановска, со кои учествуваше на четири Олимпијади од 1992 до 2004 година. Тој  беше и последен селектор на југословенската пливачка репрезентација, а...

НЕ СУМ НАВИКНАТ ДА ГУБАМ ВО ВТОРО КОЛО, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ПОРАЗОТ ОД 117. ТЕНИСЕР НА АВСТРАЛИСКИОТ ГРЕНД СЛЕМ

Шесткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ изненадувачки загуби во второто коло од првиот гренд слем во годината од Узбекистанецот Денис Истомин. Србинот планираше да стане првиот тенисер со седум титули во Австралија и досега имаше шест победи на исто толку дуели со Истомин. Сепак, на крајот Узбекистанецот славеше со 7:6, 5:7, 2:6, 7:6, 6:4 по 4 часа и...

КИНА ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА НЕРАЦИОНАЛНИТЕ ФУДБАЛСКИ ТРАНСФЕРИ

Кинеската фудбалска асоцијација соопшти дека планира серија мерки како одговор на „нерационалното" трошење на клубовите за транфери и за платите на играчите, поради загриженоста дека странските ѕвезди ги потиснуваат локалните таленти и ѝ наштетуваат на целите на земјата да стане глобална сила во светскиот фудбал. Кинеската фудбалска асоцијација вели во соопштението дека засега неидентификуваните чекори ќе ги таргетираат „операциите и...