НЕМА ДОВОЛНО ПЕДИЈАТРИ ВО БИТОЛА, НА ПОМОШ ДОАЃААТ ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ДОВОЛНО ПЕДИЈАТРИ ВО БИТОЛА, НА ПОМОШ ДОАЃААТ ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

    Нема доволно педијатри на Детското одделение при битолската Клиничка болница, поради пензионирање на кадрите, па на помош доаѓаат специјалисти од Прилеп и Охрид. Поради заминување во пензија на дел од локалните педијатри, одделението остана само со четворица доктори специјалисти, а на дежурства од околните градови доаѓаат уште петмина педијатри.

    Недостигот на детски лекари дојде до израз периодов кога во болницата се случи навалица на деца болни од грип и настинки. За новогодишната ноќ, а и двата дена по неа во болницата дневно беа прегледувани по 70 до 90 деца со здравствени проблеми, претежно со покачена температура и болки во грлото.

    По 70 до 90 прегледи дневно

    „Јас одгледав две деца, две внучиња. И друг пат сме доаѓале на Детско одделение кога биле болни. Но, немав видено толкава навалица како првата вечер по Нова година. Имаше редица од родители со деца кои чекаа на преглед, ходникот беше полн. Персоналот ревносно си ја вршеше работата, но што да прават и тие, кога дежура една докторка и неколку сестри. Ги прашавме зошто не дежураат по две, рекоа нема доволен кадар и дека лекари доаѓаат дури од Прилеп“, вели битолчанката Вера Стојановска.

    Вработени од Детското одделение потврдуваат дека има голема фреквенција на деца кои се јавуваат за преглед, дневно и по 70 до 90, а на припомош се вклучени и четворица педијатри од Прилеп и еден од Охрид.

    Дел од домашните педијатри наскоро во пензија

    „Педијатрите од другите градови држат дежурства, но не се вклучени во тековното работење, поточно не вршат испис на пациенти, не одат на визита, ни на Мој термин. За дежурствата нас ни се плаќа една четвртина од она што им се плаќа на докторите што доаѓаат од другите болници“, вели Благица Темелковска, специјалист педијатар при Клиничката болница во Битола.

    Таа додава дека на Детското одделение до пред неколку години работеа пет лекари педијатри. Откако едната се пензионира останаа само четири. Се случуваше една да биде на одмор, друга на боледување, па одделението да остане само со двајца педијатри кои невозможно е да покријат 31 ден во месецот.

    „Од четворицата домашни педијатри, тројца наскоро ќе бидат за пензионирање,па одделението ќе остане само со еден битолски специјалист. Две лекарки кои се на специјализација ќе се вратат дури во 2018 година“, додава Темелковска.

    Тоа е тековна соработка, тврди директорот

    Директорот на битолската болница, Василе Најдовски, поврди дека на припомош доаѓаат лекари од Охрид и Прилеп. Тој објаснува дека тоа е тековна соработка и не се должи на зголемениот број пацинети. Вели дека освен на Детското одделение, лекари од други болници на припомош доаѓаат и во други болнички служби, како на пример анестезиолози од Прилеп, онаму каде недиостига кадар или се на усовршување да се пополни местото. Но, исто така, додава директорот, и битолски специјалисти помагаат во болниците во Прилеп, Охрид, Крушево и други градови.

    „Тоа е воспоставена стручна соработка со цел лекарите да бидат поблиску до пациентите“, вели Најдовски.

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира