ПО ДАРКО, ЗАМИНА И АФРОДИТА МАРКОВИЌ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО ДАРКО, ЗАМИНА И АФРОДИТА МАРКОВИЌ

    Афродита Марковиќ е еден од основополoжниците на македонската анимирана школа и кинематографија што во средината на минатиот век доживеа светски проблесоци. Таа почина на 71 годишна возраст, завчера во Скопје, набрзо по заминувањето на нејзиниот сопруг, авторот на легендарниот Пецко, врвен сатиричар, карикатурист, сценарист и режисер на анимирани филмови Дарко Марковиќ.

    Афродита Дитка Марковиќ во македонскиот филм ќе остане забележана како влијателен автор во „Вардар филм“ за чија етикета има потпишано голем број остварувања кои во 80-тите години доминираа по фестивалите за анимација. Во 1987 година го реализира како сценарист и режисер својот најпознат самостоен проект, филмот „Апартман“ за кој доби Златен медел на фестивалот во Белград, гран-при во Титоград, а од АСИФА беше прогласен за најдобар дебитантски филм.

    Од 1989 до 1995 година со Дарко живеат и работат во Лондон и на светската филмска база ИМДБ е запишана како асистент аниматор на „Фреди како Ф.Р.О.7“ со Бен Кингсли и на „Дедо мраз“. По враќањето од Англија, таа е раковидител  и продуцент на Студиото за анимација во „Вардар филм“, каде што ја извршува и в.д. директорската функција во 1999 година.

    Дитка Марковиќ, по професија е архитект, како и Дарко, и сите што ги познаваа и не ги познаваа, а ги гледаа низ изминатите години на сите културни настани заедно или на обични прошетки низ Скопје, низ Охрид, ќе кажаат дека тие беа како една личност. Нивниот партнерски живот имаше влијание и врз работата, па Дитка ќе остане најдиректниот и најверен соработник на целокупното творештво на доајенот Дарко Марковиќ. Се јавува на шпицата на многу филмови, самостојно надвор од творештвото на Дар Мар, а по „Апартман“, како свој самостоен филм го реализира и „(Нај)Тешкото“.

    Беше член на Друштвата на филмските професионалци на Македонија и на Велика Британија.

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира