ПОПОВСКИ И ГЛОГОВАЦ ГО СОБРАА ЦЕЛ БЕЛГРАД НА ПРЕМИЕРАТА НА „ХАМЛЕТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Белград,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОПОВСКИ И ГЛОГОВАЦ ГО СОБРАА ЦЕЛ БЕЛГРАД НА ПРЕМИЕРАТА НА „ХАМЛЕТ“

    Синоќа, театарски настан за Белград па и за регионот беше поставката на „Хамлет“ од Шекспир во Југословенско драмско позориште, во режија на Александар Поповски, а во адаптација на Горан Стефановски, со еден од најомилените глумци на овие простори, Небојша Глоговац како Хамлет.

    Стефановски најави оти со оваа претстава се преиспитува воената грозница, параноја, надворешнополитичката ситуација. Тој додава дека Кралот е постојано на брифинзи по штабови, маршираат војски, сите се на готовс, војниците на мртва стража. Странски агресори, полицајци во панцири, цивилни служби за обезбедување. Лудилото на принцот Хамлет не е само лично прашање, се работи за лудило на цела нација.

    Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар“. Тоа е феноменот на неправдата, вели Поповски.

    Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП, вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар“

    Поповски, кој е пречекан во Белград како еден од водечките европски режисери на кого му се доверува „Хамлет“ во ЈДП, вели дека појдовна точка му била репликата на Шекспир:„Морам да сум суров за да бидам добар“

    “Во оригиналот, Хамлет е младо момче кое по прв пат се сретнува со голема неправда. Кај мене, тоа е зрел човек кој има повеќе такви искуства, кого непрвадта го оштетила, го изменила. Поголемиот дел од актерската екипа не кореспондира со возраста според Шекспир, но не е важно кој колку години има, важно е како тие со своето искуство го формираат Хамлет“, вели Поповски.

    Глоговац, кој отпрвин не се согласил поради возраста да го игра Хамлет, вели:

    „Во нашата поставка да се биде или не, значи да се бориш, да дејствуваш против неправдата, против системот кој те меле, да го виткаш ’рбетот, да прифаќаш да живееш здодевен живот, или да бидеш – што значи да се бориш, да мислисш со своја глава, да не дозволуваш безусловно друг да мисли за тебе. Системот секогаш манипулира со поединецот, и во Шекспирово време, пред тоа и потоа. Во минатото тоа беше некако закамуфлирано. Денес е целосно разоткриено, и повторно функционира, неверојатно!“.

    Музиката во претставата е на Кирил Џајковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира