САКАМ ДА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНА КОЈА ВРЕДИ, ВЕЛИ АКТЕРКАТА МИРЈАНА КАРАНОВИЌ ЗА ФИЛМОТ ВО КОЈ САКА ДА СЕ САМОУБИЕ

    САКАМ ДА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНА КОЈА ВРЕДИ, ВЕЛИ АКТЕРКАТА МИРЈАНА КАРАНОВИЌ ЗА ФИЛМОТ ВО КОЈ САКА ДА СЕ САМОУБИЕМирјана Карановиќ е позната како бунтовна глумица, која е секогаш на страната на правдата, борец за човекови права, која јасно зборува против криминалот и корупцијата во општеството. - Српската актерка на Скопскиот филмиски фестивал (Фото: СДК.МК)

    Со тежок и среќен филм, „Реквием за госпоѓа Ј“ синоќа се отвори Скопскиот филмски фестивал (СФФ). Филмот е српско-македонско-бугарска копродукциија, а на сцената се поклони дел од македонската екипа, водена од продуцетот Томи Салковски од „Скопје филм студио“ со монтажерот Владимир Павловски, српските продуценти Ненад Дукиќ и Миша Могоровиќ, режисерот Бојан Вулетиќ и ѕвездата на филмот, славната српска глумица Мирјана Карановиќ.

    Актерката со блескава кариера на крајот ни рече дека била хендикепирана оти изјавите за медиумите ги давала пред проекцијата, а новинарите не го гледале филмот, така оправдувајќи се за штурите одговори.
    Позната како бунтовна глумица, која е секогаш на страната на правдата, борец за човекови права, актерка која јасно зборува против криминалот и корупцијата во општеството, синоќа не беше располoжeна за вакви теми, па со своите 60 години ни рече оти е таа само глумица која си ја гледа својата работа: „Го работам она што ми е мене важно. Не снимам филмови за да се допаднат на некое фестивалско жири, или кому било. Снимам за да раскажам некоја приказна која мислам дека е важно да ја кажам заради мене, да ја раскажам на своите“.

    Режисерот Вулетиќ вели дека на Балканот социјалните теми, каква што е и оваа во „Реквием“, се почеток и крај на сè.
    „Секој што сака сериозно да се занимава со нашава работа не може да побегне од она што не тишти и фрустрира, а тоа се социјалните теми, депресијата и суицидот, како што е во нашиот филм. Го работам она во што верувам и што длабоко ме допира мене и целиот регион, затоа срцето ми е полно по рекации како што доживеавме на Берлинскот фестивал кога луѓе со солзи ни приоѓаа, а кои имале слични судбини како нашите карактери. Останувам овде, зашто сакам уште да чепкам по недостатоците на општетството и преку филм, на уметнички начин да го критикувам. Само така можеме да имаме добра кинематографија“, вели Вулетиќ.

    Режисерот Бојан Вулетиќ вели дека на Балканот социјалните теми, каква што е и оваа во „Реквием“, се почеток и крај на сè. – Сцена од филмот што го отвори Скопскиот филмски фестивал

    Во црната комедија има доста хумор зашто режисерот вели дека е тој сепак оптимист, како што е и искусниот главен продуцент и филмски критичар Ненда Дукиќ. Тој вели дека темата го засега целиот регион, па и пошироко, сите земји кои се во транзиција.
    „Ова не е комерцијален филм, знаеме дека младите одат во шопинг молови и таму во киносалите гледаат главно американски филмови, но секој си ја брката својата работа. Ќе видиме како ќе излезе сè на крајот. Со моето големо искуство знам дека секој треба да прави автентичен филм, и ако е тој како таков препознаен како добар, тогаш само тоа се брои, и ништо друго не е важно“, вели Вулетиќ кој додава дека уште долго ќе имаме слични филмови во регионот.
    „Народот на овие простори си ги бараше и си ги гласаше ваквите политики. Кризата трае и трае, и трае. Ќе биде уште вака, а како е-така е“.

    Скопскиот филмски фестивал продолжува вечерва со премиера на новата македонска комедија, „Ах љубов моја“ на Коле Ангеловски, но и со новата детска програма „Креираме заедно“ релизирана како партнерство со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје. Вклучени се учениците со и без попреченост од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и од Струмица. Програмата почнува во 19.30 часот во Кинотеката на Македонија.
    На СФФ годинава ќе бидат прикажани 75 филма во кината Милениум, Фросина и во Кинотеката, а ретроспектива ѓе има Стенли Кјубрик. Земја во фокусот е Франција.

    Коментари