ДОГОВОРЕН СОСТАВОТ НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА, СПОРЕН ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

    ДОГОВОРЕН СОСТАВОТ НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА, СПОРЕН ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

    На денешната координација на претставниците на парламентарните партии беше договорен составот на Комисијата за избори и именувања, но останува спорен претседателот на Комисијата. Партиите се договорија ВМРО-ДПМНЕ да добие 6 претставници, СДСМ 5, а ДУИ и БЕСА по 1.

    Во тек е пауза за консултации, а расправата ќе продолжи по 15.30 часот, кога треба да се утврди дали претседателот на Комисијата ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

    По формирањето на Комисијата за избори и именувања треба да биде свикано продолжение на конститутивната седница на Собранието, која започна и беше прекината на 30 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира